Фудбал
Македонија падна на ФИФА листата
Фудбалската репрезентација на Македонија назадуваше две позиции на најновата ранг листа на ФИФА. Сега, нашиот најдобар фудбалски состав се наоѓа на 64-то место. Од нашите ривали во Лигата на нации Грузија е 82.место, Бугарија е 74-та, додека Гибралтар е на 201-то место. На врвот на листата се наоѓа Бразил, пред Белгија, а Аргентина скокна едно место и сега е трета. Франција е четврта, а потоа следуваат Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска.