Connect with us

Кошарка

Македонија претрпе пораз од Белорусија и заврши на 12. место на ЕП во Софија

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија претпре пораз од Белорусија и заврши на 12. место на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, во Софија.

Македонските кошаркари беа совладани со 73:83 во неизвесен натпревар исполнет со резултатски осцилации (21:24, 20:12, 14:18, 18:29).

Избраниците на селекторот Никола Василев имаа шанса да го освојат 11. место, ако се земе предвид дека на паузата заминаа со предност од 41:36. Меѓутоа, не успеаја да се консолидираат во клучните моменти и во последната четвртина белоруската репрезентација направи предност што и овозможи победа.

Најефикасен во македонскиот тим беше Павле Михајлоски со 20, а Ранко Мамузиќ постигна 14 поени.

Македонија натпреварувањето го завршува со три победи и четири порази.