Connect with us

Ракомет

Македонија против Белорусија во финалето на ЕХФ шампионатот

Машката младинска репрезентација на Македонија во драматичен натпревар по изведување на пенали славеше победа над Фарските острови 27:25. Натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 23:23.

Јуниорите предводени од селекторот Данило Брестовац на тој начин обезбедија пресметка со силната репрезентација на Белорусија.

Во денешното финале, младинците ќе се борат за победа што им носи место во елитната „А“ дивизија и учество на младинското ЕП следната година.

Дуелот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20 часот.

Фарски Острови – Македонија 25:27 (23:23, 12:13, 2:4)

Македонија: Петковски, Кизиќ, Шилегов 9, Димитриоски 7, Јагуриновски 4, Танкоски 2, Арсеновски 1, Кукуловски 1, Мишевски 1, Петровски 1, Серафимов 1, Андонов, Атанасовски, Димитровски, Костески и Стојановски.
Седмерци: 4/5.
Исклучувања: 10 минути.