Connect with us

Фудбал

Македонија трпи штети од коронавирус, нова препорака за спортски натпревари без публика, дали „виси“ и дуелот Македонија-Косово?!

На предлог на епидемиолозите ќе и биде предложено на Владата да ја продолжи препораката за неодржување масовни јавни собири, а спортските натпревари да се играат без публика за уште една недела, до 13 март, поради коронавирусот, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција во Владата.

Тој информираше дека во моментов се чекаат резултатите од брисовите на двајца странци кои се во Скопје,а кои треба да покажат дали се инфицирани со коронавирус.

Со оглед на тоа дека вирусот во Европа се шири, а мечот Македонија-Косово се игра на 26 март, ако нема некакви промени можно е да се очекува одлука и овој дуел да се игра без публика. УЕФА веќе донесе одлука, па некои од мечевите од Лига Европа беа одиграни зад затворени врати, а истата одлука ќе важи за одредени мечеви кои ќе се одиграат на 12 март.