Connect with us

Фудбал

Македонски репрезентативец под притисок во Хрватска: Не за моделот за кратење плати

 

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој воедно е капитен на Динамо Загреб одлучи во интервју за „Спортске новости“ да раскаже што точно се случило и дека нападите врз него од стра на навивачите не се оправдани.

Имено, се појави информавија дека токму тој е предводник на фудбалерите кои одбиле намалување на плати поради коронакризата. Сепак, тој вели дека го одбиле моделот кој бил предложен од раководството.

-Најголемиот проблем беше начинот на кој во соблекувалната ни беше презентиран и тоа без преговори. Не добивме време да се договориме. Беше спорно и тоа што мерките требале да траат една година, а во тој момент не знаевме ниту што ќе биде следниот месец. Но, она што беше најголем проблем е исплатата на договорените рати, предлогот беше да почне таквата исплата од периодот пред да избие кризата. Не рековме „Не“ на мерките за штедење, рековме „НЕ“ на таквиот модел, вели Адеми.

 

Сепак договор е постигнат по четири дена од првата објава на клубот. Фудбалерите имале состанок со раководството на тимот и за само неколку дена се е договорено.

Целосното интервју на слетниот ЛИНК.