Connect with us

Други спортови

Македонските одбојкари добија нов селектор, Павличевиќ ќе ги предводи „црвено – жолтите“

Македонската одбојкарска репрезентација доби нов селектор, српскиот стратег Ратко Павличевиќ, ќе ги предводи „црвено – жолтите“ на претстојните настапи во Европската сребрена лига и Медитеранските игри.

Официјалната промоција на Павличевиќ (56) е закажана за утре, доаѓа на местото на сонародникот Душко Николиќ.

Новиот македонски селектор во кариерата предводеше бројни екипи од Србија, Грција, Швајцарија и Саудиска Арабија.