Connect with us

Кошарка

Македонско знаме и пајдушко оро на НБА натпревар! (Видео)

На паузата од натпреварот помеѓу Вашингтон и Кливленд во НБА лигата се вееше македонското знаме и се играше пајдушко оро. Настапот заеднички го организираа Американско-турска асоцијација од Вашингтон и најголемата иселеничка организација на Македонци во светот, Обединета македонска дијаспора (ОМД), со седиште исто така во главниот град на САД, пренесува „Експрес.мк“.

Настанот беше во чест на кошаркарот на Кливленд, Чеди Осман (23), роден во Охрид од татко Турчин, има двојно државјанство и игра за репрезентацијата на Турција.