Connect with us

Фудбал

Малдини: Ибрахимовиќ е створен за клуб како Милан

Легендарниот италијански фудбалер Поло Малдини се врати во Милан каде ја помина целата кариера и сега како еден од директорите ќе се обиде да ги врати Росониерите на самиот врв на европскиот фудбал.

Милан пред десеттина години беше страв и трепет во Европа, но последниве неколку години како да го изгуби компасот за добри резултати. На Сан Сиро во претходните месеци се случиа доста промени, а она ги израдува многумина е тоа што Малдини и Леонардо одлучиле да се вратат во овој клуб.

Во последниве неколку недели се појави вест во италијанските медиуми за тоа дека Златан Ибрахимовиќ би можел да се вратри во Милан. Искусниот Ибра ги полни мрежите во САД, но ова зима Росониерите би можеле да го доведат на позајмица како што некогаш беше случај со Дејвид Бекам.

Малдини за „Gazzetta dello Sport“ зборуваше за можното доаѓање на Ибрахимовиќ, сепак на крајот порача дека нема да се случи. Сигурно е дека многу навивачи на Милан сакаат да го видат Ибра повторно во дресот на овој клуб.

„Ибрахимовиќ е премногу за нашата соблекувална? Па, не би рекол така, затоа што не верувам во тоа. Игачите со таков карактер се створени за клубови како Милан. Можеби на него ќе мислиме на лето ако се избориме за Лигата на шампионите. Златан е шампион и таквите играчи едноставно не можете да ги одбиете без оглед на годините“ порача Малдини.