Connect with us

Фудбал

„Малиновски и Миранчук страдаат. Ова е многу тешко време“

Играчот од средниот ред на Аталанта, Мартин де Рун, ги бодри двајца соиграчи во пресрет на натпреварот против Баер Леверкузен во 1/8-финалето на Лига Европа.

Руслан Малиновски е Украинец, а Алексеј Миранчук е Русин и секако сега не им лесно за она што се случува во Украина веќе 14 дена, каде што војната трае долго време.

„Не можам да зборувам за нив, но секако дека тие страдаат. Семејството на Руслан е во Украина, вестите се тешки, тешко е да се избега од тоа во соблекувалната, ние се обидуваме да им помогнеме, но тешко е. Ова е тешко време“, изјави Мартин де Рун.

Неодамна италијанскиот репрезентативец Матео Песина проговори за средбата меѓу Русинот и Украинецот на тренингот на Аталанта веднаш по почетокот на војната на истокот.

„Во соблекувалната на Аталанта, Русија и Украина ги претставуваат Руслан и Алексеј. Кога започна конфликтот меѓу нивните земји, тие се гушкаа на тренинг“, рече Месина и додаде:

„Тоа е фудбалот. Фудбалот обединува се што човечкото лудило се обидува да го раздели“.

Миранчук и Малиновски секако можат да послужат како пример за сите други спортисти ширум светот.

Што се однесува до натпреварот меѓу Аталанта и Баер во осминафиналето на Лига Европа, тој се игра вечерва.