Фудбал
Малку чудно, но вистинито, еве кој е најплатен фудбалер на Реал Мадрид!
Антонио Рудигер и официјално е нов играч на Реал Мадрид. Тој доаѓа од Челзи. Сепак, нема да биде на врвот кога е во прашање платата. Според шпанските медиуми Рудигер ќе има загарантирани 7 милиони евра, заедно со бонусите би можел да стигне до 10 милиони, со што би се израмнил со Алаба и Милитао.
Досега најплатен беше Герет Бејл, кој пред два дена и официјално кажа збогум на Реал Мадрид. Па, така во моментов најплатен е Еден Азар со 12 милиони евра годишно, иако оваа сезона има споредна улога кај тренерот Карло Анчелоти, а нешто слично може да се каже и за неговиот цел престој во „Кралскиот клуб“. По Азар следува група од неколку играчи кои имаат 10 милиони евра годишна плата како што се Модриќ, Бензема, Крос, Куртоа…