Фудбал
Малкумина успеаја да се извлечат: Фудбалерите кои се срушија на теренот за време на натпревар
Кристијан Ериксен колабираше за време на натпреварот помеѓу Данска и Финска, поради што едвај преживеа.
На крајот од првото полувреме на натпреварот во Копенхаген, на теренот гледавме вистинска драма откако Ериксен се сруши на теренот и беше јасно дека ја изгуби свеста.
Соиграчите веднаш притрчале на помош и побарале лекарскиот тим да пристигне што е можно побрзо. Симон Кјаер ги воодушеви сите затоа што го спаси Ериксен вадејќи го јазикот и ставајќи го на вистинската позиција.
Откако лекарите стигнале до Ериксен, другите соиграчи застанале околу него, така што камерите не можеле да снимат што и каква драма всушност се случува.
Сепак, преносот во живо покажа како лекарите се обидуваат да го оживеат данскиот репрезентативец, што го шокираше фудбалскиот свет.
Но, за среќа Ериксен успеа да се разбуди и после тоа веднаш беше пренесен во болница. Подоцна од болницата пристигна порака дека тој е во стабилна состојба, по што е одлучено да се продолжи натпреварот помеѓу Данска и Финска.
Сепак, ова не е прв пат да видиме ваква драма на фудбалскиот терен кога еден фудбалер колабира и паѓа на теренот. За жал, има повеќе кои на крајот не успеаја да се извлечат од сето тоа и да преживеат.
Првиот случај на кој се сеќаваме се случи во 1977 година на натпреварот помеѓу Перуџа и Јувентус, кога играчот на домашниот тим, Ренато Кури, доживеа срцев удар за време на натпреварот, поради што колабираше на теренот. За жал, Кури почина, а денес стадионот Перуџа го носи неговото име.
Дванаесет години подоцна, видовме скоро иста ситуација на натпреварот помеѓу Нигерија и Ангола. Имено, репрезентативецот на Нигерија, Самуел Оквараџи исто така се сруши на теренот поради срцев удар и за жал тој исто така почина.
Сигурно е дека скоро сите ја паметиме и драмата од 2003 година, кога животот го загуби камерунскиот играч Марк-Вивиен Фое. Камерунецот се сруши на теренот за време на натпреварот против Колумбија во Купот на Кондеферации. Фое бил реанимиран 45 минути и бил при свест кога пристигнале во болницата, но за жал побргу починал. Имаше само 28 години.
Само една година подоцна, фудбалерот на Бенфика, Миклош Фехер почина на теренот. Унгарскиот играч се сруши на самиот крај од мечот, а лекарите пристигнаа дури по десет минути. Фехер бил префрлен во болница, но набргу било потврдено дека починал на 24-годишна возраст.
Бразилскиот играч Сержињо почина од срцев удар кратко потоа за време на мечот помеѓу неговиот Сао Каетано и Сао Паоло. И Сержињо се сруши по срцев удар и за жал не се извлече.
Антонио Пуерта почина во август 2007 година на натпревар помеѓу Севилја и Гетафе. 22-годишниот играч на Севилја падна на теренот, но успеа да се освести и да излезе од игра. Но, Пуерта повторно се сруши во соблекувалната поради што веднаш беше пренесен во болница.
Пуерта направи тестови кои покажаа дека има вродено срцево нарушување и се чинеше дека сè ќе биде добро. Сепак, само три дена подоцна сите беа шокирани кога беше објавено дека Пуерта не преживеала.
Во декември истата година почина и шкотскиот играч на Мадервел, Фил О’Донел. Тој се се сруши на теренот на натпреварот против Данди и беше пренесен во болницата, но за жал еден час подоцна беше објавено дека починал.
И во април 2012 година, сите беа во шок кога беше објавено дека почина играчот на Ливорно, Пиермарио Моросини, кој доживеа срцев удар на мечот против Пескара. Тој почина поради лошата реакција на медицинскиот тим, кој беше очаен, а подоцна беше покрената пријава против докторот.
Случајот за кој се сеќаваме, секако му се случи на Фабрис Муамба. Поранешниот играч на Болтон колабираше на теренот на мечот против Тотенхем и многумина веруваа дека тој тогаш нема да се извлече.
Имено, неговото срце не чукаше дури 78 минути, но лекарите успеаја со големи напори да го оживеат и спасат, и Муамба успеа да се опорави. Но, тогаш тој беше принуден да ја заврши кариерата.
Сите овие играчи имаа една заедничка работа, а тоа се проблеми со срцето. Сè уште нема официјални информации за Ериксен, но наскоро треба да се знае зошто Данецот се сруши за време на вчерашниот натпревар.
Сепак, сигурно најважно е што Ериксен успеа да се врати во живот и сите се надеваме дека брзо ќе закрепне и ќе се врати на фудбалските терени.