Connect with us

Фудбал

Манасков стави потпис на нов договор со Веспрем!

Дејан Манасов имаше потпишано едногодишен договор со Веспрем, но раководството призна дека Македонецот со одличните партии го убедил клубот да ја продолжи соработката со него.

„Дејан Манасков дојде ова лето во Веспрем од германскиот шампион Рајн Некар и со неговите игри ги убеди лидерите дека треба уште долго да остане во клубот. Едногодишниот договор кој првично го потпиша е продолжен до 2020 година. Македонското лево крило на 21 натпревар за Веспрем досега постигна 64 голови“, стои во соопштението на унгарскиот клуб.