Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед го победи Милан по 26 пенали

Манчестер Јунајтед го победи Милан во Интернационалниот куп на шампионите.

Во редовното време, двата тима не се победија на стадионот Роуз Боул во Пасадена, Калифорнија, со што натпреварот заврши 1:1.

Алексис Санчез отвори за „црвените ѓаволи“ во 12 минута, но Сусо изедначи во 15-тата.

При изведувањето на пенали ривалите создадоа вистинско шоу за гледачите, откако изведоа вкупно 26 удари пред да стане јасен победникот. На крајот, тоа беше англискиот тим, кој победи со 9:8.

Иако на страната на губитниците, Хозе Реина направи силно деби за Милан, откако одбрани четири пенали и реализираше еден.

Манчестер Јунајтед – Милан 1: 1 (9: 8 во пенали)

1:0 Санчез (12)
1:1 Сусо (15)

Пенали:

1:0 А. Переира
1:1 Чалханоглу
2:1 Ерера
– Борини – промаши
3:1 Санчез
3:2 Кеси
– Мектомини – промаши
– Сусо – промаши
– Г. Переира – промаши
3:3 Реина
Баји – промаши
Ромањоли промаши
4:3 Смолинг
4:4 Калдара
5:4 Туанзбе
5:5 Калиниќ
6:5 Фосу-Менса
6:6 Мусакио
– Хамилтон – промаши
– Маури – промаши
7:6 Дармијан
7:7 Антонели
8:7 А. Переира
8:8 Чалханоглу
9:8 Херера
– Кеси – промаши.