Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед го раскинува договорот со Роналдо, а можеби ќе го даде и на суд?!

Англискиот клуб денеска најпрвин излезе со кратко соопштение дека ќе ја анализира ситуацијата и ќе ги преземе неопходните чекори и дека нема да се огласува до конечната одлука.

Сепак, набрзо од Островот стигна информација, од повеќе извори, дека Јунајтед подготвува едностран раскин на договорот со Роналдо!

ЕСПН открива дека Јунајтед ангажирал адвокати за да ја истражат можноста дури и да го тужат Роналдо за прекршување на одредени клаузули од неговиот договор, кој истекува на 30 јуни 2023 година.

Истиот извор додава дека Ерик тен Хаг на состанокот со управата на клубот оваа недела веќе побарал Роналдо да биде отстранет од тимот и да не се смета на него по Светското првенство во Катар.

По објавувањето на целосното 90-минутно интервју со Пирс Морган во четвртокот навечер, Јунајтед направи конкретни потези за раскинување на договорот во петокот.

Некои извори пишуваат дека токму тоа било желба на Роналдо, дека по секоја цена сакал да замине на зима и дека го избрал овој најгрдиот можен начин да се прости од Јунајтед.

Останува да видиме дали ваквото однесување на Роналдо ќе влијае и на неговите репрезентативци бидејќи со него се и неговите клупски другари Бруно Фернандеш и Диого Дало…