Connect with us

Фудбал

Манчестер јунајтед испрати понуда дo Лестер за Хери Мегваер

Манчестер јунајтед испрати понуда од 65 милиони фунти до Лестер за фудбалерот Хери Мегваер.

Според англиските медиуми Мегваер изразил желба да премине во Јунајтед, но Лестер сака да го задржи 25-годишниот англиски репрезентативец, откако минатата сезона беше прогласен за најдобар играч во клубот.

Освен одлична сезона во дресот на Лестер, тој беше еден од најдобрите играчи на Англија на Светското првенство во Русија.

Мегваер минатото лето во Лестер дојде од Хал за сума од 17 милиони фунти.