Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед конечно најде напаѓач

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед цело лето неуспешно бара нов напаѓач, a има се помалку време да ја заврши работата.

На Јунајтед му треба напаѓач, тоа не е тајна, а Ерик тен Хаг смета дека идеален би бил Саша Кајаџиќ, напаѓачот на Штутгарт кој се поврзува со голем број европски гиганти.

Австрискиот репрезентативец, кој влече корени од Србија, се вели дека и сам е за преселба на култниот Олд Трафорд, а договорот со Штутгарт му истекува следното лето, што секако треба да биде олеснителна околност за „црвените ѓаволи“.

Ова би требало да биде последна шанса за Штутгарт да заработи од одличниот напаѓач од 200 сантиметри чија вредност се проценува на околу 25 милиони евра.

Калајџиќ во минатото играше за СВ Донау, Донафелд, Виена и Адмира Вакер, пред да се пресели во Штутгарт во 2019 година за помалку од два милиони евра обештетување.

Неодамна се шпекулираше дека Ралф Рангник, кој моментално ја предводи австриската репрезентација, го советувал да не се пресели во Манчестер.

Сепак, Саша Калајџиќ се вели дека е решен летово да го направи следниот чекор во кариерата и да замине во англискиот премиерлигаш. За Австрија има 15 настапи и постигна четири гола.

Саша Калајџиќ досега за Штутгарт одигра 58 натпревари во сите натпреварувања, постигна 24 гола и забележа 10 асистенции.

Да потсетиме, Јунајтед се обиде да доведе уште еден Австриец со балкански корени, поточно многу поискусниот Марко Арнаутовиќ, но Болоња не сакаше да го продаде пред самиот почеток на сезоната, па Јунајтед се сврте кон други опции.