Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед му „украде“ засилување на Реал Мадрид, откако понуди двојно повеќе пари!

Манчестер Јунајтед денеска постигна договор за пристигнувањето на новото засилување, кое го грабна од Реал Мадрид откако понуди двојно повеќе пари за него. Станува збор за младиот француски стопер Лени Јор, член на Лил, кој е на лет за Манчестер, каде што му се закажани медицински прегледи пред потписот за „црвените ѓаволи“.

Реал изминативе неколку недели се обидуваше да се договори со Лил, нудејќи обештетување од 20 милиони евра + бонуси во висина од 10 милиони евра, а потоа се појави Манчестер Јунајтед кој понуди двојно! Како што објави познатиот трансфер инсајдер Дејвид Орнштајн, Манчестер ќе плати фиксни 50 милиони евра и 12 милиони евра преку бонуси за доаѓањето на Јор на Олд Трафорд, што Лил не можеше да го одбие. Јоро има само 18 години, висок е 190 сантиметри и ги помина сите младински селекции на Лил. Во претходната сезона за францускиот клуб постигна 3 гола на 44 натпревари.