Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед официјално отпиша седум играчи, меѓу кои и 60 милиони платениот напаѓач

Утрово Манчестер Јунајтед излезе со соопштение за медиумите во кое потврди дека договорите со клубот не ги продолжиле седум играчи кои од денеска и официјално се слободни фудбалери на пазарот.

 Очекувано, ова лето ќе биде жешко за раководството на Манчестер Јунајтед, кое пред се треба да се ослободи од фудбалерите кои се вишок. Првиот во серијата заминувања е Антони Марсијал, некогашниот француски напаѓач вреден 60 милиони евра, кој никогаш не импресионирал на Олд Трафорд. Заедно со Марсијал утрово и официјално беше потврдено заминувањето на некогаш познатиот стопер на Реал Мадрид, Рафаел Варан и еден од најталентираните крилни играчи на клубот, Брендон Вилијамс.

Покрај тројца поискусни фудбалери, клубот официјално го напуштија и младите Чарли Мекнил, Маркус Лоренс и Ки Пламли. Исто така, клубот нема да ја продолжи соработката со ветеранот Том Хадлстон, кој имаше неколку улоги во клубот и играше повремени натпревари и беше тренер на тимот до 21 година. За разлика од споменатите седуммина, клубот потврди дека се уште е во преговори со ветераните Џони Еванс и Том Хитон околу продолжување на соработката. Продолжен е и договорот на Омари Форсон. На крајот, Манчестер Јунајтед сепак успеа да ја спаси сезоната со освојување на ФА Купот и пласман во Лига Европа, па Европа нема да остане сон за следната година.