Connect with us

Фудбал

Манчестер Јунајтед планира што поскоро да го претстави новиот тренер

Англискиот великан Манчестер Јунајтед сака што поскоро да го претстави новиот тренер.

По поразот од Манчестер Сити, челниците на Јунајтед се подготвени за нов тренер да го назначат или Ерик тен Хејг од Ајакс или Маурисио Покетино од ПСЖ.

„The Athletic“ смета дека еден од двајцата треба да стане нов менаџер на клубот, додека Ралф Рангник ќе остане во клубот, но ќе има друга функција.

Рангник пристигна како спасител на Јунајтед, но и под негово водство клубот не игра баш најдобро, па своето место ќе го препушти или на тренерот на Ајакс или на тренерот на ПСЖ, а се ќе биде познато во следните неколку дена.

По денешниот пораз од градскиот ривал Сити на „Етихад“, значително се намалени шансите овој тим да се избори за групната фаза од Лигата на шампионите, што би се сметало за еден вид катастрофа.