Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити донесе новo засилување

Играчите на Манчестер Сити моментално се на припреми во САД, а во екипата на Пеп Гвардиола ќе му се придружи нов играч.

Англискиот клуб одлучи да го ангажира младиот играч на ПСЖ, Клаудио Гомес, кој вчера официјално потпиша договор со Манчестер Сити. Овој 18-годишен фудбалер играше за тимот на ПСЖ во U23 и имаше одлични натпревари во последната сезона.

Гомес е еден еден од најдобрите млади играчи во Франција и ова лето одлучи да ја промене животната средина и да потпише за Граѓаните. Веќе влезе во првиот тим на Граѓаните се подготвува во Америка и Гвардиола ќе смета на него во подготвителните натпревари против Ливерпул и Баерн Минхен.