Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити го доби дербито против Арсенал

Екипата на Манчестер Сити го победи Арсенал во првиот од двата дерби дуели кои се играат денеска во англиската Премиер лига.

На средбата од 9.коло Манчестер Сити го совлада Арсенал со 3-1. Головите за популарните „граѓани“ ги постигнаа, Кевин Де Бруине (19.минута), Серхио Агуеро (50) од пенал и Габриел Хесус (74), додека голот за Арсенал го постигна Александр Лаказет (65).

На првиот меч од денешната програма Тотенхем минимално со 1-0 го победи Кристал Палас.

Вечерва се играат последните два меча од оваа рунда. Во Лондон, дербито меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед, додека во Ливерпул, Евертон го пречекува Вотфорд.