Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити продолжува „да гази“ во Премиер лигата

Англискиот шампион Манчестер Сити ја забележа петтата последователна домашна победа во Премиер лигата, откако во деветтото коло оствари триумф со 5: 0 против Барнли ..

Така, „граѓаните“ продолжија со својот 100 процентен успех во дуелите на домашен терен од почетокот на сезоната и се вратија на првото место. Пулените на Пеп Гвардиола сега имаат два бода пред Челзи, кој претходно одигра 2:2 со Манчестер Јунајтед на „Стемфорд Бриџ“.

За шампионите во игра се врати нивната ѕвезда Кевин Де Бруин. Тој се појави на теренот во второто полувреме при резултат од 3:0. Инаку, Давид Силва запиша две асистенции. Првата беше за Серхио Агуеро, кој го отвори резултатот во 16. минута. Потоа, Шпанецот, исто така, му подаде на Бернардо Силва (54) за 2:0. Само 120 секунди подоцна, Фернандињо зголеми на 3:0, а на крајот и Ријад Марез и Лирој Сане постигнаа по еден гол.

Во следното коло, Сити е домаќин на Тотенхем, но пред тоа оди на гости кај Шахтјор  Доњецк во Лигата на шампионите. Барнли го пречекува Челзи.