Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити славеше без проблем во Брајтон

Фудбалерите на Манчестер Сити вечерва го победија Брајтон на гости со 4:1 во натпреварот од деветтото коло на Премиершип.

Граѓаните без поголеми проблеми успеаја да победат во Брајтон, а се беше јасно по само половина час игра.

Сити поведе во 13. минута кога Гундоган по асистенцијата на Бернардо Силва погоди за 1:0.

Гостите од „Етихад“ до вториот гол стигнаа во 28. минута. Одиграа одличен контранапад по кој Грилиш одлично му додаде на Фоден, кој без проблем ја испрати топката во мрежата на домаќините.

Само три минути подоцна резултатот беше 0:3. Габриел Жесус шутираше, топката го зафати Фоден и го измами домашниот голман, а голот официјално му беше припишан на Фоден.

Брајтон успеа да намали на 1:3 во 80. минута кога Мек Алистер постигна гол од белата точка. Конечните 1:4 на овој натпревар ги постави Ријад Махрез во судиското надополнување.

Сити е втор на табелата со 20 бодови и има два бода помалку од лидерот Челзи. Брајтон е четврти со 15 бодови.