Connect with us

Фудбал

Манџукиќ на мета на Бешикташ

Хрватскиот репрезентативец Марио Манџукиќ би можел да го смени клубот ова лето, а странските медиуми пишуваат дека постои шанса дури и за одење во Турција.

Според турските медиуми, Бешикташ за време на паузата меѓу двете сезони ќе настојува да ја зајакне својата екипа со два фудбалери од Серија А. Првиот на листата на желби е Марио Манџукиќ од Јувентус и другиот Бруно Перес од Рома.

Не е никаква тајна дека Манџукиќ не е беше најсреќен во Јувентус, најмногу поради доаѓањето на Игуаин, и обично не игра како класичен, туку како крилен напаѓач. Хрват сака да игра на неговата природна позиција, додека во Јувентус тоа е тешко возможно поради силна конкуренција.

Статусот на Манџукиќ во Јувентус не е познат, допрва треба да разговара со лидерите на клубот, но прашање е дали хрватскиот репрезентативец е воопшто заинтересиран да потпише за Бешикташ, а со тоа, објективно да направи чекор назад во неговата кариера. Колку Турци се подготвени да понудат, во овој момент не е познато.

Кога станува збор за Бруни Перес, Бразилецот за Бешикташ е веројатно многу пореална опција од Манџукиќ, но за неговото доведување треба да одвојат околу 10 милиони евра.