Connect with us

Фудбал

Мане го објасни инцидентот со Салах, причина за тоа е Манчестер Сити

Напаѓачот на Ливерпул Садио Мане за прв пат коментираше за неговиот судир со Салах. Африканецот беше дел од прес-конференцијата пред мечот против Салцбург во Лигата на шампионите и ја објасни ситуацијата со Египќанецот.

“Тие се работи што се случуваат во фудбалот. Јас бев малку вознемирен, но тие се работи што се случуваат. Може да ги видите играчите на Сити со 7 или 8 голови. За тимот е важно да постигнеме што е можно повеќе, но сепак ние сме многу добри пријатели “, рече Мане.