Connect with us

Фудбал

Мане го облече дресот на Баерн Минхен (ФОТО)

Мане денеска со авион пристигна во Минхен и наскоро и официјално ќе биде претставен како големо засилување на актуелниот германски шампион. По финалето во Лигата на шампионите и поразот од Реал Мадрид, тој им порача на челниците на Ливерпул дека сака да си замине по шест години и веднаш се согласи со условите кои му ги понуди Баерн.

Баварците испратија неколку понуди на адреса на Ливерпул, а само од третиот обид беше постигнат договор. Трансферот во Баерн се очекува да биде околу 35 милиони евра, а Мане со Баварците ќе потпише договор на три сезони.

Сега за прв пат протече фотографија од Мане во опрема на Баерн, која ја објави германскиот новинар Филип Кеслер, додека Сенегалецот им даваше автограми на присутните.