Фудбал
Манолас: Не ми паѓа на памет да се ракувам со Малком
Пропаднатиот трансфер на Малком од Бордо во Рома е една од нај интересните приказни во овој преоден рок.
Бразилскиот напаѓач го договорил трансферот на „Олимпико“, во Рома веќе го чекаа на аеродромот, но таму не се појави, туку во Барселона која во меѓувреме испрати подобра понуда.
Малком за Барселона би можел да дебитира баш против Рома на Интренационалниот Куп на Шампиони, а ако се случи тоа сигурно е дека нема да има срдечен дочек од неговите несудени соиграчи.
„Не ми паѓа на памет да се ракувам со него. Не го познама од порано, а искрено до неодамна не ни знаев како се викаше така да немам никаква причина да му кажам здраво“ рече фудбалерот на Рома Костас Манолас, па додаде:
„Тој сам така избра. Ако не сакаше да дојде во Рома тогаш, подобро што не дојде. Подобро што отиде во Барселона“
Рома и Барселона ќе го одиграаат натпреварот во среда во Далас.