Connect with us

Фудбал

Марадона ќе му асистира на Линекер на жрепката во Москва

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Диего Армандо Марадона ќе му помага на големиот ривал од Англија, Гери Линекер во Москва, на извлекувањето за Светското првенство следната година.

ФИФА објави дека покрај Марадона, на 1 декември во Кремљ, на жрепката ќе асистираат и Лоран Блан, Кафу, Фабио Канаваро, Диего Форлан, Карлес Пујол и Никита Симоњан.

Марадона ја предводеше Аргентина како капитен на Светското првенство во Мексико во 1986 година, кога го постигна фамозниот гол со рака во победата над Англија (2:1) во четврт-финалето за која настапи Линекер.

Подоцна Аргентина стана светски шампион на тој Мундијал.