Connect with us

Фудбал

Марадона: Оваа Аргентина би изгубила и од Тонго

Тонго, мала држава во Океанија, би ја победила Аргентина, тврди Диего Марадона.

Аргентина на стартот на Копа Америка беше поразена од Колумбија со 2:0 и многумина сметаат дека ова ќе биде уште една неуспешна година за Лионел Меси и соиграчите од репрезентацијата.

„Кога ја гледам Аргентина имам чувство дека Тонго може да не победи“, рече Марадона.

„Не можам да верувам, да гледам како се борат за дресот на Аргентина. Мојата генерација знаела да го искрши автобусот после поразот, а денеска – никакви емоции. Па, тој дрес не ви го остви мајкави“, додаде Марадона.

„Гаучозите“ треба да одиграат уште два натпревари против Парагвај и Катар во групната фаза, но навистина би било голем неуспех доколку оваа репрезентација не дојде до нокаут фазата.

Аргентина и Бразил се први фаворити за освојувањето на Копа Америка.