Connect with us

Фудбал

Марадона сака повторно да биде селектор на Аргентина

Аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона беше многу бесен по поразот на националниот тим од Нигерија со 4:2 вчера на пријателски дуел одигран во Краснодар. Марадона преку својот профил на Инстаграм порача дека е подготвен повторно да застане на чело на „гаучосите“.

Според Марадона играчите не се виновни за слабите резултати, а тој индиректно фрли вината на селекторот Хорхе Сампаоли.

Марадона, исто така, потсети дека има најдобри резултати во споредба со последните неколку селектори на Аргентина.

– Кој има повеќе победи? Направете свои заклучоци. Бесен сум затоа што тимот го урива нашиот углед, но вината не е кај фудбалерите. Сакам да се вратам на чело на тимот.

Марадона ја предводеше Аргентина во 2008-2010 година. Во моментов работи во Обединетите Арапски Емирати во екипата на Ал Фуџара.