Connect with us

Други спортови

Мареј: Сакав да играм напаѓачки без разлика на резултатот

Поранешниот прв тенисер во светот Енди Мареј во три сета го совлада британскиот тенисер Кајл Едмунд и обезбеди пласман во осминафиналето на турнирот во Вашингтон.

Ова е втора победа во низа за Мареј или вкупно трета за период од една година и изјави дека е задоволен од начинот на кој играл против неговиот сонародник Едмунд.

– Ова беше многу подобар натпревар. Во претходниот само се бранев и тоа не е начинот на кој сакам да играм. Разговаравме за тоа со тренерот и против Кајл сакав да играм напаѓачки без разлика на резултатот. Тоа го направив и навистина сум задоволен, истакна Мареј.

Тој го совлада помладиот сонародник со 7:6, 1:6 и 6:4 за два часа и 34 минути игра.

Мареј во осминафиналето ќе се соочи со романскиот тенисер Мариус Копил.