Connect with us

Фудбал

Марио Балотели ја откри својата најголема грешка

Поранешниот и повремен италијански репрезентативец сега игра за Адана Демирспор во Турција, но смета дека имало работи кои биле многу погрешни во неговата кариера.

За најголема грешка го смета заминувањето од Манчестер Сити во 2013 година.

„Мислам дека мојата најголема грешка е заминувањето од Сити, иако играв многу добро во Милан година и пол откако заминав. Но после тоа имав многу проблеми. Сега сум постар и знам дека не требаше тогаш да си замина од Манчестер Сити“.

„Можев да бидам тука со години како Серхио Агуеро. Да имав начин на размислување каков што го имам сега, веројатно ќе ја освоев и Златната топка. Сигурен сум. Но знаеш кога ќе пораснеш, ќе бидеш позрел“.

Балотели е во Турција од 2021 година, претходно играше за Монца, Бреша, Марсеј, Ница, Милан, Ливерпул, Интер, Лумецана, а со Сити беше англиски шампион во 2012 година.

Тој претходно освои три скудета со Интер и Лигата на шампионите под водство на Жозе Мурињо, а токму во 2010 година ја доби наградата за најдобар млад фудбалер на светот, наградата „Златно момче“.