Connect with us

Фудбал

Марио Манџукиќ договори голем трансфер

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ (33) договори голем трансфер.

Искусниот 33-годишен фудбалер ќе гi напушти редовите на Јувентус во јануари и, според „Тутопорт“, ќе потпише договор со Манчестер Јунајтед.

Извори на италијанскиот весник велат дека претставниците на хрватскиот фудбалер постигнале договор со Јунајтед и дека Манџукиќ ќе го носи дресот на тимот од „Олд Трафорд“ од јануари.

Манџукиќ е член на Старата дама од 2015 година. Тој беше неизоставен член на тимот до доаѓањето на Маурицио Сари ова лето, оставајќи го без место во тимот.

Вкупно, тој одигра 162 натпревари за Јуве и постигна 44 голови, а Јунајтед ќе биде уште еден голем тим во серија.

Тој претходно играше за Баерн, Атлетико, Волфсбург и Динамо Загреб и каде и да играше, остави навистина одличен впечаток.