Connect with us

Фудбал

„Марка“ тврди: Лаутаро ја одбрал Барселона

Ако може да и се верува на шпанска „Марка“, напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез ја одбрал Барселона. Тој наводно смета дека сега е вистинскиот момент да го облече дресот на каталонскиот тим, бидејќи не се знае дали друг пати ќе има ваква шанса. На маса имал и добар финансиски договор, кој би траел најмалку пет години.

За неговите услуги има интерес до Манчестер Сити и Реал Мадрид, но сепак клучното во целата ситуација е желбата на фудбалерот, а тоа е Барселона. Наводно во каталонскиот тим веќе знаат дека тој сака да се пресели кај нив, па наскоро би можеле да почнат преговорите со Интер.

Откупната клаузула изнесува 110 милиони евра. Дека ова навистина може да се случи говори и фактот што „Газета дело Спорт“ објави дека Интер наводно се подготвува за замена за Лаутаро, а две имиња се во игра, Лука Јовиќ од Реал и Тимо Вернер од германскиот Лајпциг.