Фудбал
„Марка“ тврди: Реал Мадрид-Мбапе, се е готово!
Килијан Мбапе веќе одлучил. Самиот фудбалер тоа го кажал синоќа на гала вечер во Франција, а шпанска „Марка“ тврди дека минатата недела договорот со Реал Мадрид бил заклучен.
-Мора да ги почитуваме сите страни. И јас се брзам. Но не само јас. Готово е, останаа само некои детали, но готово. Јас го направив мојот избор, ќе бидете познат наскоро“, изјави одличниот фудбалер.
Мбапе синоќа е избран за најдобар фудбалер во Франција, а во Реал Мадрид ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот со ПСЖ му истекува во јуни. Пресудила неговата желба да игра за „кралскиот клуб“.