Connect with us

Кошарка

Марко Симоновски вратен во репрезентацијата

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков, го објави списокот играчи на кои смета за претстојниот дуел против Косово во Гевгелија (2. декември), трет за црвено – жолтите во втората фаза од претквалификациите за ЕП 2021 година.

Предводникот на националниот тим направи мали промени во составот, со замената на местото за натурализиран кошаркар како и со вклучување на Марко Симоновски, кој поради повреди и проблеми со челниците на МКФ ги пропушти последните неколку репрезентативни меча. Местото на Американецот Ричард Хендрикс е пополнето со неговиот сонародник Шејн Витингтон, кој дебитираше во јунската пресметка со Швајцарија, но кој поради повреда не можеше да настапи на септемврискиот двомеч против Косово и Романија. Симоновски, пак, сега конечно е здрав и максимално подготвен и се очекува да биде во конечниот список на Давитков од 12 играчи кои ќе им се спротивстават на Косовците во Гевгелија.

Македонија има максимални 2-0 во досегашниот дел од втората претквалификациска фаза, во која потоа ќе и остане гостувањето кај Романија следната година.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ
1. Војдан Стојановски
2. Дамјан Стојановски
3. Александар Костоски
4. Дарко Соколов
5. Адем Мекиќ
6. Бобан Стајиќ
7. Андреј Магдевски
8. Димитар Караџовски
9. Марко Симоновски
10. Стојан Ѓуроски
11. Бојан Трајковски
12. Љубомир Младеновски
13. Бојан Крстевски
14. Андреј Маслинко
15. Шејн Витингтон