Connect with us

Фудбал

Маркос Алонсо веќе е играч на Барса?

Повеќе од извесен е трансферот на Маркос Алонсо во Барселона.

Искусниот дефанзивец има уште една година од договорот со Челзи, но веќе изрази желба да се пресели на Камп Ноу.

Трансфер експертот Фабрицио Романо во понеделникот на Твитер објави дека Алонсо уште еднаш му потврдил на лондонскиот клуб дека сака да замине ова лето и дека е многу можно веќе да ги договорил сите услови со Барса.

Барселона сега го чека одговорот на Челзи и цената што ќе ја побара англискиот клуб.