Марота: Ако Лаутаро сака да си замине, ќе ја процениме ситуацијата

„Ако Лаутаро сака да си замине, ќе ја процениме ситуацијата. Ние сме Интер и немаме потреба никого да продаваме. Сакаме да напредуваме со важни млади играчи како Лаутаро и Ромелу Лукаку. Ако Лаутаро сака да продолжи со нас, ние ќе бидеме среќни. Тој е со нас во моментов“, изјави Марота.

-текстот продолжува по рекламата-

Лаутаро Мартинез е еден од играчите за кого многу се зборува во оваа сезона, а причината за тоа се неговите одлични изданија во дресот на Интер.

Loading...