Connect with us

Фудбал

Марсело ги боли душата што Реал не му даде нов договор: „Бев пример …“

Бразилскиот интернационалец Марсело летово ќе биде слободен играч бидејќи му истекува договорот со Реал Мадрид.

Марсело пристигна во Реал Мадрид на почетокот на 2007 година од Флуминенсе и со овој клуб успеа да освои се што можеше. Иако веќе има 34 години, јасно е дека се уште може да игра на врвно ниво.

Бразилецот не играше премногу оваа сезона, иако имаше „зацементирано“ место во стартниот состав повеќе од десет години.

Марсело оваа сезона одигра само 18 натпревари и многумина сметаат дека Карло Анчелоти без причина го исфрлил од првиот тим бидејќи е јасно дека Бразилецот може уште многу да пружи на теренот.

Тој е играчот со убедливо најголемо искуство во тимот на кралскиот клуб и затоа ја доби капитенската лента при заминувањето на Серхио Рамос, но не ја носеше многу бидејќи немаше можност за тоа.

Сепак, и покрај се, очигледно е дека Марсело се надеваше дека ќе остане во Реал Мадрид и дека клубот ќе му понуди нов договор. Подготвен е на секакви услови само да остане, но за жал тоа нема да се случи.

Имено, на последниот натпревар од Ла Лига, камерите го снимија Марсел како разговара со Лукас Васкез на клупата, а како што пренесуваат шпанските медиуми, тој јасно кажал дека му е жал што нема да остане.

Марсело сигурно верува дека сепак заслужил да добие нов договор и дека сите овие 15 години бил вистински пример за тоа како се однесува професионалец. Сепак, тоа очигледно не беше доволно за челниците на клубот да му понудат нов договор.

„Клубот нема да ми даде нов договор. Бев пример за сите“, му рекол Марсело на својот соиграч.

Марсело доби шанса да игра во вториот дел за да се прости од навивачите на Реал Мадрид кои го поздравија со овации и покажаа дека Бразилецот веќе има статус на легенда во овој клуб.