Connect with us

Фудбал

Марсело: Лигата не е изгубена, напорната работа ќе донесе резултати

Реал Мадрид се уште има сили за на крајот да го освои трофејот во Ла Лига, смета Марсело и покрај големото заостанување зад Барселона по вчерашниот пораз во „Ел Класико“.

Лигата не е изгубена, јас не верувам во чуда, но напорна работа ќе донесе резултати. Игравме добро во првото полувреме, како и на почетокот на второто, но примивме гол, направивме пенал и добивме црвен картон. Секогаш е тешко да се игра против Барселона, особено кога имате играч помалку, рече Марсело.

Барселона во моментов има предност од 14 поени пред мадритскиот тим.