Connect with us

Фудбал

Марсело плачеше: Заминувам од Реал Мадрид како играч со најмногу освоени титули со најголемиот клуб во светот! (ВИДЕО)

Легендарниот дефанзивец на Реал Мадрид, Марсело се прости од клубот по 15 сезони минати во Мадрид.

Бразилецот одигра вкупно 546 натпревари и стана најтрофејниот играч во историјата на клубот со 25 освоени трофеи.

„Благодарност до моите соиграчи и тренери. И пред се, благодарност до луѓето задолжени за опремата, обезбедувањето, сите зад сцената кои ја вршат валканата работа. Сакам да ја истакнам нивната работа, бидејќи секогаш сум посветен на играњето и се имав подготвено како на послужавник.

Сакам да се заблагодарам на мојата сопруга, таа е со мене откако почнав да играм фудбал. Поради тебе јас сум тоа што сум денес.

Кога го напуштив Бразил, сакав да играм во Лигата на шампионите. Сега заминувам од овде како играч со најмногу освоени титули во најголемиот клуб во светот.

Сакам да му се заблагодарам на Раул. Многу ми помогна кога стигнав овде. Секогаш се грижеше за мене, тоа никогаш нема да го заборавам“, изјави Марсело.

 

Тој додаде дека се уште не планира да се пензионира.