Connect with us

Фудбал

Мартијал ги започна преговори со италијанскиот гигант

Францускиот напаѓач Мартијал според се, ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од оваа сезона.

Неодамна, Жозе Мурињо потврди дека Марјал може да побара нов клуб на крајот од сезоната, бидејќи веќе не е во неговите планови. Францускиот напаѓач на маса има неколку понуди, и се чини дека Јувентус и Баерн ќе се борат за него.

Сепак, според италијанските медиуми, Јувентус веќе започна со реализација на овој трансфер. Наводно, „старата дама“ е подготвена да плати 50 милиони евра, колку што побарал Јунајтед, за Мартен веднаш да допатува во Торино на почетокот од преодниот период.

Мартијал оваа сезона постигна 11 голови и 10 асистенции, што е одличен резултат, со оглед на минутажата кај Мурињо. Францускиот напаѓач треба да пристигне во Јувентус како замена за Манџукиќ, која најверојатно ќе ја напушти „старата дама“ во текот на летото.