Connect with us

Фудбал

Мартинез го избрал Атлетико

Младиот фудбалер на Расинг, Лаутаро Мартинез се наоѓа пред потпишување договор со Атлетико Мадрид, објавија шпанските медиуми.

Интерес за Аргентинецот покажуваа уште и Борусија Дортмунд и Монако, но најупорен за неговиот ангажман беа „јорганџиите“.

На Атлетико во јануари ќе му се приклучат Диего Коста и Витоло, но највено е заминување на неколку играчи.

Според информациите од Мадрид, Лаутаро официјално играч на Атлетико ќе стане во јануари, но до јуни ќе настапува за Расинг како позајмен фудбалер.