Connect with us

Фудбал

Мартинез критикува за слаба безбедност на Европското првенство по втрчувања на навивачи

Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, изрази незадоволство по мечот против Турција на Европското првенство, каде Португалија победи со 3-0.

Натпреварот беше прекинат пет пати поради втрчувања на навивачи на теренот кои сакаа да се фотографираат со Кристијано Роналдо. Мартинез ги критикуваше организаторите за лошата безбедност, истакнувајќи дека играчите се изложени на опасност и дека ваквите настани се неприфатливи, особено на толку големо натпреварување како што е Европското првенство во Германија.

„Што ако намерите им беа лоши? Само еден момент невнимание може да биде опасен. Играчите се изложени и мора да бидеме внимателни. Ова не треба да се случува на фудбалските терени, има многу редари и осигурување но како сето тоа да не функционира. Чудно за организатори како Германија. Веројатно треба и поучно да се делува на навивачите дека тоа не е начин. Се надевам дека мерките ќе бидат засилени во иднина“ – рече Мартинез.

Тој се надева дека мерките за безбедност ќе бидат зајакнати во иднина, особено по инцидентот каде Гонсало Рамос беше повреден додека редарите се обидуваа да го фатат еден од навивачите.