Connect with us

Фудбал

Мата не размислува за „одмазда“ кон Челзи

Шпанскиот репрезентативец Хуан Мата вели дека не ни помислува на зборот „одмазда“ не во пресрет на големото англиско дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи.

Мата кој од Челзи мина во редовите на Манчестер Јунајтед не радо се присетува на минатогодишното гостување на „Стенфорд Бриџ“ кога Челзи забележа убедлива победа со 4-0.

„Не размислувам за никаква одмазда. Поразот од последното гостување во Лондон е минато, а ние сега сме фокусирани на сегашноста. Мислам дека имаше реални шанси да позитивен резултат“, изјави Мата за англиските медиуми.

Шпанецот искажа голем оптимизам, потенцирајќи го големиот притисок кој секогаш е карактеристичен за овој дуел.

„Постои голем притисок околу овој меч, но ние ќе се обидеме да играме и ќе се обидеме да победиме“, дополни Мата.

29-годишниот Мата во Челзи играше три сезони по што 2014-година мина во редовите на Манчестер Јунајтед.

Покрај Мата на дербито кое ќе се игра утре (недела) внимание ќе привлече и тренерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо кој со Челзи три пати беше англиски шампион.