Connect with us

Фудбал

Мата останува во Јунајтед уште една година

Хуан Мата го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед на уште една година. Неговиот актуелен договор истекуваше на крајот на оваа сезона, а со новиот тој се обврза на соработка со „црвените ѓаволи“ до летото 2019 година.

Претходно, менаџерот на Јунајтед Жозе Мурињо изјави дека 29-годишниот Мата останува во неговите планови, и покрај доаѓањето на Алексис Санчез од Арсенал.

Мата во Манчестер дојде од Челзи во 2014 година. Шпанецот на 172 натпревари постигна 39 гола.

– Среќен сум во Манчестер и сметам дека секој фудбалер треба да се чувствува привилегиран да биде тука. Откако ќе станете дел од тимот на Јунајтед, живот повеќе не е ист. Се се менува затоа што веќе сте дел од еден од најголемите клубови во историјата на фудбалот, изјави Мата.