Connect with us

Фудбал

Мата откри што му рекол на Јанг при слободниот удар

Играчот за врска од Шпанија, Хуан Мата синоќе беше еден од главните актери во пресвртот на Манчестер Јунајтед против Јувентус.

Мата неколку минути пред крајот на мечот одлично погоди од слободен удар и на тој начин во тие моменти донесе израмнување.

По мечот, за Манчесте Јунајтед ТВ изјави дека го замолил Ешли Јанг да го пушти и да го изведе тој слободен удар.

„Штом видов дека е досуден слободен удар, бев полн со самодоверба и верба дека би требало јас да го изведам. Му реков на Јанг:  Те молам, пушти ме да го изведам бидејќи сакам да шутирам преку живиот ѕид. Тоа се незгодни слободни удари за голманите бидејќи живите ѕидовите се премногу близу и топката доцна се гледа. Па така го пробав она што постојано го работам на тренинзите. Беше важно да погодам и изедначам на 1-1, па подоцна постигнавме уште еден“, изјави Мата.