Connect with us

Фудбал

Матераци: Го претепав Балотели, го сакам, но го заслужи тоа

Марко Матераци за италијанските медиуми откри уште една ситуација од соблекувалната на Интер во сезоната 2010-та.

Проблемите со Марио Балотели почнале на полуфиналето од Лигата на шампионите против Барселона кога напаѓачот го фрли дресот.

-Добро го претепав тој ден и тоа е вистина. Го сакам Марио, но го заслужи тоа. Станавме повторно пријатели по тој ден, но тогаш направи нешто што не смееше. Да го фрлиш дресот по мечот не може да се прости. И во автобусот пред мечот велеше дека намерно ќе игра лошо, а јас му порачав дека ќе настрада ако тоа навистина го стори, вели Матераци.

Набрзо после тоа Марио Балотели замина од Интер. Сепак, Марко Матераци вели дека денеска двајцата се добри пријатели, а Марио знае дека погрешил.