Connect with us

Фудбал

Матераци за инцидентот со Зидан: Наместо критики, треба нозете да ми ги бацуваат

Зинедин Зидан во 2006-та на СП се прости од фудбалот на неславен начин. Со глава во градите го удри Марко Матераци и доби црвен картон. Ова остана црна дамка во неговата слетла фудбалска кариера.

Секако дека беше испровоциран од Матераци, но неверојатно беше да се види вакво издание на Зидан кој целата своја кариера беше познат како „кроткиот убиец“ за противничките екипи.

Иако поминаа веќе 14 години од тогаш, сепак и денеска се пишува за тој настан. Италија славеше во финалето против Франција, стана светски првак, а се чини дека Матераци и помогна на својата селекција иако не се однесуваше спортски.

Секако, претрпе бројни критики, како од фановите од другите земји, така и од Италијанците, особено навивачите на Јувентус.

-Оние кои тогаш ме нападнаа не се вистински Италијанци. Јас сум патриот и со голема гордост ги бранев боите на нашата земја. Морам да кажам дека тие критики, односно таквите навивачи кои ме критикуваа, требаше да ми ги бацуваат нозете, бидејќи го постигнав израмнувачкиот гол во финалето, а тие ми вратија на тој начин, вели Матераци.

Една година по инцидентот Матераци признал дека ја навредил сестрата на Зидан и дека ја надминал границата за спортското однесување.