Connect with us

Фудбал

Мбапе избра нов број во ПСЖ

Килијан Мбапе уште еднаш го воодушеви фудбалскиот свет со својата игра на Светското првенство во Русија.

Мбапе со Франција стигна до златниот медал и прогласен е за најдобар млад играч на Светското првенство. Иако има само 19 години Мбапе покажа за каков играч се работи и многумина му предвидуваат блескава кариера.

Овој напаѓач минатото лето пристигна во ПСЖ каде го сочинува неверојатното напаѓачко трио со Нејмар и Кавани. Мбапе дојде од Монако, а во својата прва сезона го носеше дресот со број 29. Сепак, француските медиуми пренесуваат дека Мбапе одлучил да го промени бројот.

Омилен број на Мбапе е бројот десет, но со оглед дека Нејмар го има тој број, ништо нема да биде од тоа. Но, откако Лукас Моура замина во Тотенхем остана слободен бројот седум кој во наредната сезона ќе го носи Мбапе, по примерот на неговиот идол Кристијано Роналдо.